Поради изведување на реконструктивен зафат, поставување на нова водоводна мрежа на улица “Илинденска“, Домот за стари лица “Сју Рајдер“ од Битола е без водоснабдување. За таа цел ЈКП “Водовод“ – Битола ја постави цистерната со питка вода, за сите лица кои се сместени таму.
ЈКП “Водовод“ – Битола исто така информира и дека на двете улици “Ѓорѓи Ѓорѓиев – Џоџа“ и “Пробиштип“ е поставена нова вододна мрежа и приклучоците и се очекува поставување на коловозот.






