Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и многу топло, денес и утре до 38 степени

Денес, среда, 24 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурата во Битола до 38 степени. УВ=9.

Утре, четврток, 25 јуни, во Битола, времето ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурата во Битола до 38 степени. УВ=9

More from ВестиMore posts in Вести »