Тоа што го најави министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, при посетата на Битола по повод поставувањето на камен темелникот на новата Управна зграда на “Водовод“ дека ќе има добри вести и за “Комуналец“, денес и го официјализира.
Милевски по одржаниот состанок со директорот на ЈП “Комуналец“ од Битола, Панде Богоевски, ќе напише:
-Денес на ЈП “Комуналец“ од Битола им доделивме 12 милиони денари за набавка на возила за чистење на отпад од битолските улици, особено од Широк сокак, Градскиот парк и Шеталиштето. Со набавката на оваа опрема помагаме во модернизацијата на претпријатието и употреба на современи средства за работа, добиваме почист град и намалување на загадувањето бидејќи возилата нема да ја загадуваат животната средина.






