Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.147 тестирања, а регистрирани се 6 нови случаи на КОВИД-19, нема од Битола.
Регистрирани се 4 оздравени пациенти, нема од Битола.
Во Битола до сега има 6.305 позитивни лица на ковод-19, а активни се 7 случаи.
Не се регистрирани починати лица.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 48 и “Плодност“ 40 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 870.380 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.669, бројката на оздравени пациенти е 149.950, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 235.






