Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 6 нови случаи на КОВИД-19, нема од Битола.
Регистрирани се 10 оздравени пациенти, а меѓу нив нема од Битола.
останува истата статистика за Битола 6.306 досега позитивни на ковод-19, и активни 8 случаи.
Според вчерашните бројки на лекување на инфективното одделение во Битола, има двајца пацинти и двата се од Битола.
Не се регистрирани починати лица.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 48 и преку “Плодност“ 44 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 877.123 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.682, бројката на оздравени пациенти е 149.977, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 221.






