Денес, недела, 4 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Упрвата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб западен ветер. Температурата во Битола до 31 степен. УВ=8.
Утре, понеделник, 5 јули, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во пладневните и попладневните часови, можна е појава на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 31 степен. УВ=7.






