Денес, четврток, 8 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 37 степени. УВ=9.
Утре, петок, 9 јули, во Битола, времето ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 35 степени. УВ=9.






