Во последните 24 часа се направени 3.404 тестирање, а регистрирани се 13 нови случаи на КОВИД-19, нема од Битола.
Регистриран e 1 оздравен пациент од Прилеп.
Не се регистрирани починати пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 906.529 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.783, бројката на оздравени пациенти е 150.124, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 172.






