Според информации од Министерството за здравство, објавени на нивната официјална фејсбук страница, во последните 24 часа се направени 2.876 тестирање, а регистрирани се 14 нови случаи на ковид-19, а нема од Битола.
Регистрирани сe 2 оздравени пациенти од Скопје.
Не се регистрирани починати пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 909.405 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.797, бројката на оздравени пациенти е 150.126, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 184






