Во последните 24 часа се направени 3.470 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19, нема од Битола.
Регистрирани сe 5 оздравени пациенти, нема од Битола.
Не се регистрирани починати пациенти.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 31 и преку “Плодност“ 39 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 923.515 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.882, бројката на оздравени пациенти е 150.159, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 236.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција во Битола, заболени (вкупно) е 6.310, а активни случаи се 4.






