Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.973 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19, нема од Битола.
Регистрирани сe 53 оздравени пациенти од кои од Битола се 2 пациенти, а со тоа во Битола остануваат уште 2 активни случаи.
Не се регистрирани починати пациенти.
Вчера. недела, не беа правени ковид тестови во ЦЈЗ Битола и “Плодност“.
Досега во земјата се направени вкупно 932.513 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 221.






