Денес, среда, 21 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, ветер од северен и северозападен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 29 степени. УВ=8.
Утре, четврток, 22 јули, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата во Битола до 30 степени. УВ=8






