Нови 24 случаи на Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од направени се 4.133 тестирања, а од нив еден нов случај е регистиран во Битола.
Оздравени се шест пациенти, а нема пријавено починати лица.
Направени се во Битола преку ЦЈЗ Битола 84 и преку “Плодност“ 32 ковод тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 953.144 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.078 бројката на оздравени пациенти е 150.276, на починати е 5.489, а бројот на активни случаи изнесува 310.






