Денес, недела, 25 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и слаб до умерен претежно северен ветер. Максималната температура во Битола до 33 степени. УВ=8.
Утре, понеделник, 26 јули, во Битола, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Максималната температура во Битола до 35 степени. УВ=8.






