–Битола има многу културни настани, дестина фестивали, се одржуваат многу концерти, изложби, промоции, но нека не ми замерат битолчани кои се години во културата еден од моите најомилени фестивали е “Илинденски денови“, фестивал на народни игри и ора, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, кој додава:
-Сега се во тек “Илинденските денови“ во Битола, а ќе кажам во врска со претходно кажаното, овој фестивал ми е омилен можеби тоа е поради тоа што сум еден од основачите на овој фестивал заедно со Илија Алушевски и Методија Размовски, а 18 години бев и водител на Фестивалот, а секако уште многу години и вршев пренос на Фестивалот на брановите на Радио Битола.
Кога зборува за историјата на фестивалот Миновски споменува и тоа дека првите две години фестивалот се одржуваше во Офицерски дом, а кога интересот се зголеми се донела одлука да се префрли во Ракометното игралиште. Неколку пати кога имало дожд се префрлувале во спортската сала “Младост“.
-Многу е напишано за фестивалот, а секако и мојот новинарски бележник има многу текстови за “Илинеденски денови“, прва запошана информација секоја година е дека се отвора со дефиле со сликата на Гоце Делчев на чело на колоната фолклористи, а кога вршев пренос од дефилето се преслекував, а потоа бев водител, потоа дека се отвора со “Комитското оро“ на КУД “Илинден, а потоа се играорците од Секирник.
-Во оваа моја рубрика на Битолањуз, деновиве пред 10 години, ќе кажам дека пред 10 години во 2011 година се продолжи традицијата, се одржа дефиле по Широк Сокак, се отворија на Ракометно со “Комитското“, потоа беа играорците, Русалиите од Секирник и следуваше официјалната програма.
Кога сме кај 41. издание во 2011 година, пред 10 години мора да споменеме дека атракција беа убавите ограорки и играорци од Мексико кои заедно со играорците од Турција одржаа концерт во Големата сала на Центарот за култура.
-Битолчани со Мексиканките направија многи фотографии на отворањето на настапите по Широк Сокак, на концертот, а межи тие битолчани кои имаат фотографии за спомен со нив сум и јас, кога се фотографирав со мексиканскиот симбол, сомбреро на главата.

Деновиве пред 10 години: 41. издание на Илинденски денови, мексиканките атракција (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“
- Денес, 10. седница на Советот на Општина Битола
- Во Битола сончево, температурата до 23 степени, од утре заладување
- Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026










