На 26.07.2021 во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3, кај место викано „Ѓавато“, настанал пожар на патничко моторно возило во движење „мерцедес” со ресенски ознаки, управувано од Д.С. од Ресен. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а увид извршила увидната екипа на СВР Битола.
На 26 јули во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за непрописно паркирање. Притоа, биле констатирани 21 прекршок, а биле откриени и 21 останати прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.






