Press "Enter" to skip to content

Министерската Шахпаска во Битола, отворен вториот Центар за поддршка на згрижувачки семејства

Во Битола денеска се отвори вториот Центар за поддршка на згрижувачки семејства во државата, како дел од ЈУ „Домот за доенчиња и мали деца“ за поддршка на 113 згрижувачки семејства кои  се грижат за 169 корисници од Пелагонискиот и југозападниот плански регион.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска смета дека отворањето на центарот во Битола е уште еден доказ, како едно општество се грижи за најмладите, особено за децата без родители и родителска грижа.-Најдобрата средина за воспитување, за подигање на децата и среќно детство е биолошкото семејство, меѓутоа децата кои од различни причина останале без родители и без родителска грижа, најблиска до нивната природна средина, се згрижувачките семејства. Со отворањето на Центарот во Битола, порачуваме дека згрижувачките семејства претставуваат најзначајна алка во системот на социјалната заштита. Во Центарот ќе добиваат стручна поддршка од тим кој ќе учествува во нивното воспитување, подигање, во пристапот до здравствената заштита, но и можноста за образование“, рече министерката Шахпаска.

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска  изрази голема благодарност до Министерството за труд и социјална политика  и Британската амбасада за поддршката кон згрижувачките семејства која ја добиваат со отворањето на новиот Центар за згрижувачки семејства во Битола.

-Ова е исклучително важно за нашата општина, имајќи ја во предвид нашата сензитивност кон политиките за социјална заштита. И воедно претставува  подобрување на пристапот до социјалните услуги за нашата локална заедница бидејќи директни придобивки  добиваат сите граѓани од овој регион, на кои овие услиги им се потребни, рече Петровска.Британската амбасадорка Рејчел Галовеј во земјава, посочи дека секое дете има право да порасне во семејство кое го поддржува и кое се грижи за него.

-Во изминатите години, заедно со УНИЦЕФ и со Министерството за труд и социјална политика на Северна Македонија, ние работевме кон остварување на оваа цел. Ние го поддржавме процесот на деинституционализација и дизајнирање на услуги засновани на потребите на заедницата, а се со цел да бидеме сигурни дека децата и семејствата добиваат поддршка која им е потребна во местата во коишто живеат, истакна амбасадорката Галовеј.

Директорката на ЈУ Домот за доенчиња и мали деца, Елена Николовска посочи дека ова претставува потврда за успешната трансформација на институцијата, како дел од процесот на деинституционализација во земјава.

More from ВестиMore posts in Вести »