Press "Enter" to skip to content

Две планинарки се изгубиле кон Големо Езеро, биле пронајдени и спуштени во Битола

Денес претпладне две планинарки кои движеле во националниот парк “Пелистер“ се упатиле кон Големо Езеро и не можеле да го пронајдат патот и ја известиле полицијата во Битола, а потоа започнала акција за нивно лоцирање.

-Од страна на СВР Битола бевме известени дека две планинарки кои се движеле во националниот парк “Пелистер“ се изгубиле и не можеле да го пронајдат патот кој водел до Големо езеро во самиот национален парк. Службената дојава ПОЗС Битола ја доби во 10:45 со што веднаш е побарано да се исконтактира со нив.

Дирекцијата за заштита и спасување одлучи да го активира ТБО за ЗИС на планина од Битола и да се упати кон Големо езеро во националниот парк.

По нивното лоцирање и успешно евакуирање, истите се превземени од вработените од националниот парк “Пелистер“ и со возила се спуштени во градот Битола. Двете планинарки се движеле од местото Ниже поле кон Големо езеро.

ДЗС ги информира сите планинари да ги следат препораките и насоките издадени од нивните матични федерации и асоцијации бидејќи за помалку од една недела се случија три вакви настани, стои во сооптението на Дирекцијата за заштита и спасување.

More from ВестиMore posts in Вести »