Чествувањето на големиот македонски празник Илинден во Битола, започна пред Споменикот на илинденците, во Храмот „Света Недела“.
Свежо цвеќе во нивна чест, положија заменик градоначалничката на Општина Битола, Емилија Костурски, претставници од Советот на Општина Битола, претставници од политичките партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и останати здруженија.
Пред споменикот на двата Илиндени, кај Центарот за култура, свежо цвеќе положија заменик градоначалничката на Општина Битола, Емилија Костурски, претставници од Советот на Општина Битола, претставници на Општинската организација на Сојузот на борци од Битола, претставници од политичките партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и останати здруженија.
По повод чествувањето на овој голем празник со двојно историско значење за државата, заменик градоначалничката Емилија Костурски истакна:
-Со чест и гордост ги продолжуваме традициите на нашите предци, а на нашите наследници им порачуваме: Почитувајте го делото на носителите на двата Илиндена, Илинден 1903 и Илинден 1944 и на сите кои ги дадоа животите за нашата слобода.

Честување во Битола за одбележување на Илинден
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“
- Општина Битола петта година по ред го организира Буџетскиот форум за креирањето на Буџетот, овој пат за 2027
- Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола





