Големиот број на битолчани кои редовно рекреираат на Тумбекафе над Битола, секојдневно гледаат како напредуваат градежните работи околу новата патека која води кон Зоолошката градина во Битола, “справите“ за вежбање, а оттаму преку “радарот“ до Смолево.
Патеката која веќе е во завршна фаза, го има својот нов лик, поставени се целосно ивичниците, а местата кои се пошироки се поплочени со камени “коцки“. Поставени се дел од сливниците каде ќе се собира водата, за да не тече по асфалтот, кој сите го очекуваат со нетрпение, а најповеќе велосипедистите кои од тука го започнуваат возењето низ Потпелистерието.
Но, битолчани најповеќе се израдуваа со тоа што “коцката“ се залева со бетонска каша и тешко ќе биде некој несовесен да краде плочка по плочка, како и што има случаи некаде низ Битола.

Фото вест: патеката за Тумбекафе го доби новиот лик, се чека асфалтирањето
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“
- Општина Битола петта година по ред го организира Буџетскиот форум за креирањето на Буџетот, овој пат за 2027
- Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола





