Press "Enter" to skip to content

Викендов во Битола проекција на македонски филмови по повод 30 години независност

Од денес, во Битола започнува тридневната проекција на македонски филмови – дел од културната манифестација именувана како „ФИЛМСКА КУЛТУРА“ организирана по повод одбележувањето на 30 години од осамостојувањето на државата.

Филмските проекции – дел од овој настан ќе се одржат на отворено, на просторот пред „Центар за култура“ Битола. Настанот ќе трае сè до 22. август (недела), а влезот за проекциите е бесплатен.

Во рамки на програмата предвидени се проекции на краткометражните филмови: „Љубовникот“ (2018), „Види ја ти неа“ (2017), „Црвената соба“ (2016); долгометражните филмови: „Три дена во септември“ (2015), „Хомо“ (2021) и документарните филмови: „Камена градина“ (2018) и „Кобра“ (2018). Денес и во недела (22.08.2021), програмата започнува од 20.30 часот, додека во сабота (21.08.2021) е со почеток од 20 часот.

Дополнително, предвиден е и концерт, насловен „Филмот може да се слуша“, кој посетителите ќе може да го проследат во сабота, со почеток од 21 часот на Широк Сокак (пред влезот на маркет “Веро“).

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »