Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер поразен во Битола, Мешков Брест со +4 предност во реваншот (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Мешков Брест 27:31 (9:13)

Еурофарм Пелистер во првиот четвртфинален натпревар од СЕХА лигата во Битола е поразен од екипата на Мешков Брест во натпревар во кој во ниту една фаза од играта не беше рамноправен противник и не ја доведе во прашање победата на гостите. Поразот од -4 или 27:31 не ветува пласман, по реваншот, во “фајнал форот“. “Пелистерци“ цело време се обидуваа резултатски да го стигнат противникот, но со проблеми во нападот, тешко погодуваа поради  корпулентните дефанзивци  на Мешков Брест.Карактеристично за овој натпревар беше тоа што судиите покажаа три црвени картони кај двете екипи. Бонафо по еден старт врз Периќ. Во 18 минута вториот црвен картон, овој пат на адреса на Еурофарм Пелистер, кога исклучен беше Обрадовиќ, а во второто полувреме и Никола Марковски.По 20 минути игра бепе 5:8, а потоа предноста се зголеми на +5 за гостите 8:13, а на полувреме се отиде со 9:13.Вториот дел тргна во доминација на Мешков Брест, кој во еден момент предводен од плејмејкерот Сташ Скубе водеше и со осум гола 17:25. Во финишот битолчани дојдоа на четири гола негатива 26:30, имаа напад и за минус три, ама Мацкевиќ фати зицер при шут на Периќ.Најефикасен кај “пелистерци“ беше Периќ со шест гола, пред Табоада со три гола.

More from ВестиMore posts in Вести »