Деновиве во Битола, на старото место, во кафулето “Радост“ кај градскиот часовник се одржа фестивалот “300 Работи, триста“ на кој како е секоја година организиторот, Игор Трајковски – Фоја по 9. пат на едно место собра автори кои се претставија со 300 работи.
Фестивалот традиционално започна со промоција на “Колегиумски записник 008“ кој е составен од текстови, фотографии, графики и останати уметнички дела од веќе истакнати уметници или дебитанти од државата и светот. Илустрацијата на кориците како и целокупниот визуелен идентитет на овогодинешниот фестивал е дело на Иван Коцка Јанчев, кој живее и твори во Шенжен, Кина.
Селектори на уметничките дела од кои е составен зборникот се Илија Талев (Иле Косата), Димче Николовски (Димсата) и Игор Трајковски (Фоја). Зборникот се доделуваше на сите посетители на фестивалот како бесплатно фестивалско издание.
На првиот ден на програмата беше изложбата “Дигитал на платно“, а гостите ги забавуваше Damex (dj set).
На вториот ден, истот така во кафулето “Радост Кафе“ се одржа “Битола Рок(а)“ со Sanela LIVE и изложба “Stukh“, дизајн на храна а беше прикажана и селекција филмови на Илија Талев.
Последнит ден, синоќа, насловен како “Музика, храна и уметност“ гостите ги забавуваше Dejan Dex (dj set), се пдржа и дизајн на храна, а беше прикажано и видеото на Дамјан Везенковски.

Фестивал “Работи 300“, фестивал за литература и аудио визуелни уметности (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- 9. издание на “Џез фактори фестивалот“ во Битола започна со прес, промоција на книга и концерт на квартетот на Христијан Ристески (видео + фотогалерија)
- ОЈО Битола: татко прикажувал порнографски содржини пред својот малолетен син
- Конститутивна седница на Советот за женско претприемништво
- BITOLA CALLING: И на 2. август, каде и да си, во Битола да си!
- Димитар Михајловски е нов директор на КИЦ – Битола
More from КултураMore posts in Култура »
- 9. издание на “Џез фактори фестивалот“ во Битола започна со прес, промоција на книга и концерт на квартетот на Христијан Ристески (видео + фотогалерија)
- BITOLA CALLING: И на 2. август, каде и да си, во Битола да си!
- “Премин 26“ во Битола – испреплетување на звукот, светлината и тишината (видео + фотогалерија)
- Наградата за најдобар млад џез-музичар „Гоце Димитровски“ ќе се додели на Христијан Ристески
- Венко Андоновски во Битола: книжевноста како отпор кон бесчувствителноста








