Press "Enter" to skip to content

Со отворен ден, денес завршува недела на енергетска ефикасност во Општина Битола

Денес на неколку локации ќе се одржи Отворен ден на проектот “ БЕНЕФИТ“ на Општина Битола во рамки на проектот Подобрување на енергетската ефикасност кај објектите.

Неделата на енергетска ефикасност ќе се затвори денес со организирање на Отворен ден на проектот “БЕНЕФИТ“ и презентација на реализираното во рамките на проектот “БЕНЕФИТ“ пред јавните медиуми и други засегнати страни.

Отворениот ден ќе се одржи во спортската сала „Боро Чурлевски“ – Битола, а ќе се зборуваат Наташа Лукиќ, менаџер на проектот БЕНФИТ, поздравно обраќање од м-р Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола, а потоа ќе следи презентација на енергетската реконструкција на спортската сала „Боро Чурлевски“.

Проф. д-р Игор Неделковски, ГАУС Институт – Битола, Презентација на Платформата за промена на однесувањето (BCP) кон енергетската потрошувачка, а м-р Емилија Сарафска, од Општина Битола, Што Општина Битола прави за подобрување на енергетската ефикасност и намалувањето на загадувањето на воздухот?

More from ВестиMore posts in Вести »