Press "Enter" to skip to content

Продолжен рокот за аплицирање за програмата за размена на регионите со јаглен

Крајниот рок за аплицирање за програмата за размена на регионите со јаглен е продолжена до 30 септември.

Програмата за размена претставува можност за регионите да започнат директни дијалози еден-на-еден, да се поврзат со разновидни засегнати страни, да учат едни од други и да пренесуваат знаење. 

Отворена е за регионите со јаглен во Западен Балкан, Украина и ЕУ, а голем број на различни заинтересирани страни се поканети да се пријават.

Ќе ви бидеме благодарни доколку ја проследите оваа информација на потенцијални апликанти или ја споделите преку вашите комуникациски канали.

За прашања поврзани со програмата ве молиме да контактирате со exchangeWBUA@coalregions.eu

More from БитолаMore posts in Битола »