Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: измама за огревно дрво, физички напади, починат градежен работник, сообраќајни контроли

На 05.10.2021 во СВР Битола, 60-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице. Според пријавеното, лицето дошло во кај неа и понудило огревно дрво, по што таа му дала 16.000 денари и лицето заминало и не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.10.2021 во СВР Битола, Н.Л. од Битола пријавила дека на Плоштадот „Магнолија“ во Битола таа и Р.А. (33) биле физички нападнати од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 05.10.2021 во СВР Битола, М.К. (60) од Битола пријавил дека на ул.„Смилевски Конгрес“ во Битола бил физички  нападнат од 34 годишник од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.10.2021 во СВР Битола било пријавено дека од на објект во изградба на ул.„Крушевска Република“ во Битола, 62 годишник од с. Барешани, битолско, додека изведувал градежни работи паднал и починал. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено во судска медицина  за обдукција. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола заедно со трудов инспектор.

На 05.10.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 24 мерки против возачи, од кои 21 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 3 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 3 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »