Кандидатот за градоначалник на Битола, од Коалицијата “ОДЛУЧНО“, Горан Милевски, заедно со неколку кандидати за советници, денеска се сретна со неколку невладини организации кои ја сочинуваат платформата ЗЕМИ ЗДИВ и разговараше за проблемите кои ги има Битола со чистиот воздух и со здравата животна средина.
-Битола има проблеми со чистиот воздух, Битола има проблеми со здравата животна средина и неопходни се брзи, енергични и храбри мерки за нивно надминување. Мора да се користат современи и брзи податоци за детектирање на сите загадувачи и брзо реагирање на надлежните инспекции. Помошта од секој е добредојдена и во новиот мандат ќе бидат искористени сите поединци, невладини организации и експерти кои сакаат и можат да помогнат, рече Милевски, по средбата.






