Во канцеларијата на Пелистер Волеј во Битола, српската интернационалка од Крагуевац, Ана Ивановиќ потпиша едногодишен договор со битолскиот суперлигаш.
Таа и претседателот на клубот, Александар Темелковски ставија потпис на договорот со кој се обврзува за една година престој во Битола, а потоа заедно со тренерот Роберт Митковски направија заедничка фотографија.Ивановиќ свое деби пред домашната публика ќе го има утре, сабота и тоа против актуелниот шампион Јанта, а минатиот викенд беше прв поентер со 19 освоени поени во воведниот натпревар од сезоната, во кој Пелистер освои максимални 3 бода.
Инаку едногодишни договори потпишаа повеќе одбојкарки, а дел од нив тоа ќе го направат во периодот што следи. Со овие чекори, Пелистер Волеј се издигна на едно повисоко ниво и оваа сезона битолчани ќе имаат убава можност за многу интересни супелигашки дуели кои ќе се играат во салата “Боро Чурлевски“.