Денес, недела, 7 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 21 степен.
Утре, понеделник, 8 ноември, во Битола, времето ќе биде претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Преку денот умерено облачно и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 22 степен.






