Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени се 3.296 тестирања, а регистрирани се 469 нови случаи на КОВИД-19, од нив од Битола се 50.
Регистрирани сe 375 оздравени пациенти од Битола се 20. До сега во Битола има 8.004 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 635 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица едно од Битола на 73 години во болнички услови.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 67 и преку “Плодност“ 58 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.421.951 тестирањана Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.467,бројот на оздравени пациенти е 192.745, на починати е 7.307, а бројот на активни случаи изнесува 8.415.






