Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 4.323 тестирања, а регистрирани се 528 нови случаи на КОВИД-19, од нив во се Битола 53.
Регистрирани сe 327 оздравени пациенти, од Битола се 37.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица, нема од Битола.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.992, бројот на оздравени пациенти е 193.072, на починати е 7.320, а бројот на активни случаи изнесува 8.600, од кои 3.859 во Скопје.






