Изминатиот период на браната “Стрежево“ со која стипаниссува ЈП “Стрежево“ од Битола, се извршуваа низа активности поврзани со расчистување на косата пруга од нанос. Косата пруга служи како патека за движење на “Косиот табласт затворач“. Овој затворач е еден од капиталните затворачи кои се сместени во телото на браната “Стрежево“, а неговата улога е многу важна и одговорна и служи како ремонтен и еден од работните затворачи на Темелниот испуст.
Наносот повеќе од 25 години се наталожуваше на косата пруга и го имаше оневозможено подигањето и спуштањето на затворачот, односно тој не беше во функција повеќе години, а со тоа беше загрозена функцијата на системот “Темелен испуст“.






