Општина Новаци доби мултифункционално противпожарно возило за гаснење на пожари донација од Операција Флоријан со кои имаат потпишано Меморандум за разбирање и соработка во областа на градење на капацитети и развој на противпожарната служба.
-Возилото,техничката опрема и инструментите кои денес ги добивме како донација од Операција Флоријан ќе ни биде функционална и од голема корист. Целта на донацијата е подобрување на противпожарната заштита во општимата, управување со шумските пожари, едукација и превенција со поддршка на доброволните друштва кои се едни од главните промотори за заштита од пожари во Европската Унија, како во урбаните средини, шумските и техничките интервенции, рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
Англиските пожарникари ќе престојуваат во Македонија неколку дена во хуманитарна мисија, како дел од операцијата “Флоријан” и ќе учествуваат во обуките за локалните пожарникари и доброволни противпожарни друштва.Тие на македонските пожарникари ќе им ја објаснуваат употребата на најновата техника за гасње пожари, а ќе би обучуваат и за учеството и улогата на пожарникарите во случаи на поголеми сообраќајна несреќи или инциденти со пожари на патиштата.
-Мисијата на Операција Флоријан со донирање на противпожарни возила и опрема во Македонија е започната од пред десеттина година а се спроведува во преку четириесеттина земји во светот. Инструкторите и пожарникарите од Велика Британија што ги довезоа возилата ќе одржат и обука за управување и користење на противпожарните возила и опрема со македонските пожарникари, рече Roy Barraclough од Операција Флоријан.

Општина Новаци доби противпожарно возило донација од Операцијата Флоријан , Велика Британија
More from ВестиMore posts in Вести »
- 10.000 денари за возачка дозвола, Општина Новаци со поддршка за 27 млади лица до 26 години
- Елена Неделковска, сопственичка на детската градинка “Мали генијалци“ – Битола : за 12 години научивме дека секое дете е различно, не постои една формула која функционира за сите
- СВР Битола: скопјанец возел без возачка, малолетничко насилство, пронајдени стари гранати
- Со јапонска донација реконструиран кровот на ОУ “Св. Климент Охридски“ во Битола
- УКЛО и пријателите со Отворен ден на Факултетот за биотехнички науки – Битола (фотогалерија)





