Press "Enter" to skip to content

УКЛО потпиша меморандум за соработка со “Моја кариера“

Во низата настани организирани од Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, се надополнува и настанот организиран во партнерство со “Моја Кариера“, организација која работи на промовирање на таленти, управување со човечки ресурси и градење на врски помеѓу образовните институции и компаниите од приватниот сектор.

Настанот се одржа во Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и беше организиран по повод официјализирање на почетокот на имплементација на проектот “Приватниот сектор и младинската инцијатива” кој што е финансиран од Европската банка за обнова и развој и Фондот за техничка помош  на Тајван, а имплементиран од Моја Кариера, а како партнер во имплементирањето, се јавува токму УКЛО.

Во рамките на настанот, беше потпишан и Меморандумот за партнерство помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола претставуван од ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски и Моја Кариера, претставувана од претседателот,  г-дин Висар Адеми.

Целите на проектот се поврзани со воспоставување дијалог помеѓу работодавачите и образовните институции со цел подобрување на резултатите кои се добиваат од програмата за практикантска работа; зајакнување на учеството на приватниот сектор во развојот на вештините и компетенциите кај младите во Македонија, создавање нови можности за вработување и примена на нови-иновативни пристапи за усогласување на барателите на работа со компаниите.

Потпишувањето на Меморандумот за партнерство, претставува уште една алка во ланецот мерки кои актуелното раководство на УКЛО ги презема, а со цел подигнување на квалитетот на студентите во систем, како и на дипломираните студенти кои се образовале во оваа високо-образовна институција.

Ваквите настани се во насока на успешно поврзување на УКЛО со окружуањето, како начин за поголема кохезија помеѓу високото образование, студентите и окружувањето, што претставува предзнак на современите универзитети.

More from ВестиMore posts in Вести »