Вчера во 13.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 57 годишник од Битола и трактор „ИМТ 539“, без регистарски ознаки, со приколка, управуван од 45 од село Подмочани, ресенско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од патничкото возило, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште тројца сопатници од возилото на возраст од 51, 19 и 59, сите од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.






