Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напади, тепачка, пријава на починато лице, приведувања, сообраќајка

На 10.12.2021 во СВР Битола, А.Б. (27) од село Кукуречани, битолско, пријавила дека во село Кукуречани била физички нападната. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.12.2021 во СВР  Битола, Т.И. (47) и М.Х. (22) од Битола пријавиле дека на ул.„Херцеговина“ предизвикале и учествувале во меѓусебна физичка пресметка. Сочинет записник по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. 

На 10.12.2021 во СВР Битола, Р.П. (42) од село Долно Оризари, битолско, пријавил дека  во куќа во село Долно Оризари го пронашол починат неговиот стрико С.П. (66). Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 09.12.2021 на ул.„Караорман” во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола ги лишиле од слобода С.О.(48) од Битола и Ш.А.(35) од Прилеп. При претрес во домот и други простории на С.О., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја. Додека, при преглед на Ш.А. биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 09.12.2021 во 12.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Арон Ароести“ и ул. „8 ми Септември“ во Битола, товарно моторно возило „Пежо Експерт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 35 годишник од Битола удрило во пешак на возраст од 66 година од Битола. Во несреќата,  пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка Болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »