Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.562 тестирања, а регистрирани се 326 нови случаи на КОВИД-19, од нив во Битола се 21.
Регистрирани сe 242 оздравени пациенти од Битола се 19.
Во Битола до сега има 9.008 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 447 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица, нема од Битола.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 68 и преку “Плодност“ 31 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.509.665 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.169, бројот на оздравени пациенти е 206.903, на починати е 7.768, а бројот на активни случаи изнесува 5.498.






