Во средното општинско училиште “Таки Даскало“ од Битола назначен е нов в.д. директор, дипломираниот професор по географија Ристо Грујовски, соопштија од Општина Битола.
Грујовски покрај тоа што е познат како професор битолчани го знаат и како претседател на здружението “Дамјан Груев“ од Битола, кое ги организираше чествувањата за Даме Груев во Битола и село Смилево.
Тој доаѓа на местото на досегашниот в.д директор Добре Босилковски.






