Јавното претријатие “Стрежево“ непродуктивните новогодишни трошоци ќе ги донира за лечење на млада битолчанка, а при донирањето на парите на битолчанката, директорот на ова претријатие од Битола, Менде Граматковски, рече:
-Денес дониравме финансиски средства за лекување на млада битолчанка, со надеж да помогнеме една храбра, самохрана мајка да може да продолжи по својот животен пат и покрај сите пречки и предизвици. “Стрежево“ е општествено одговорно претпријатие и хуманите практики се вредности кои се наша трајна заложба. Во овие моменти нашата заедничка помош и е повеќе од потребна, и сега е вистинскиот момент кога треба да сме обединети со заедничка хумана цел, и упати порака:
-Во време на новогодишни празници да не ја загубиме вербата во човечноста и заедно, сплотени да и помогнеме на Мери повторно да зачекори.






