Денес во општина Новаци, Душко Христов, директор на здружението “Храна за сите – Банка за храна МК“ оствари средба со градоначалникот Стевче Стевановски, при што се разговаше за идната соработка, заедничките активности и проекти за доброто на граѓаните кои се окарактеризирани како социјални случаи со посебен осврт околу можноста за складирање на храна и лоцирање на најсиромашните семејства на кои оваа помош им е најпотребна и се потпиша меморандум за соработка.
Здружението “Храна за сите – Банка за храна“ донираше 40 вакви пакети кои во најскоро време ќе им бидат дистрибуирани на семејства од Општина Новаци.






