Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.572 тестирања, а регистрирани се 266 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во Битола се 25.
Регистрирани сe 717 оздравени пациенти од Битола се 53.
До сега во Битола има 9.160 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 344 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица, од Битола починато едно лице на возраст од 47 години.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 97 и преку “Плодност“ 75 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.570.171 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.932, бројот на оздравени пациенти е 210.319, на починати е 7.894, а бројот на активни случаи изнесува 4.719.






