Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК “Битола“, Пеце Матевски новата година ја дочекаа со работниците во РЕК “Битола“ кои за новогодишната ноќ беа на дежурство. Ковачевски и Матевски им ја честитаа новата година и на работниците кои утрово се дежурни на своите работни места во комбинатот. Ковачевски и Матевски им се заблагодарија на вработените што секојдневно го даваат својот придонес во справувањето со енергетската криза во земјава.
Вработените велат дека не паметат кога последен пат во минатото директори на АД ЕСМ и на РЕК Битола ја поминале новогодишната ноќ заедно со нив. Ги споделија со менаџментот желбите за добро здравје во новата година и успех во работата. Повеќе јаглен, повеќе струја, подобри резултати се цели и на работниците и на менаџментот на АД ЕСМ и РЕК Битола!

Директорот на ЕСМ – Ковачевски и на РЕК “Битола“ – Матевски новата година ја дочекаа со работниците во Комбинатот
More from ВестиMore posts in Вести »
- 9 години “Bitola news“ – објавени повеќе од 32.000 текстови и 200.000 фотографии за битолчани и Битола
- Во Битола променливо облачно, температурата до 23 степени
- Фото на денот: кај безистенот, 8,30 часот, 15 степени
- 10.000 денари за возачка дозвола, Општина Новаци со поддршка за 27 млади лица до 26 години
- Елена Неделковска, сопственичка на детската градинка “Мали генијалци“ – Битола : за 12 години научивме дека секое дете е различно, не постои една формула која функционира за сите





