Press "Enter" to skip to content

Во Битола 10 нови позитивни, оздравени 19, активни 349 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.561 тестирања, а регистрирани се 242 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 10.

Регистрирани сe 247 оздравени пациенти од Битола се 19.

До сега во Битола има 9.390 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 349 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица, нема од Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 1.611.793 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.972, бројот на оздравени пациенти е 213.174, на починати е 7.981, а бројот на активни случаи изнесува 4.817.
More from БитолаMore posts in Битола »