Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.932 тестирања, а регистриран е 1.171 нов случај на КОВИД-19, од Битола се 134.
Регистрирани сe 204 оздравени пациенти од Битола се 23.
Во Битола има 9.903 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 777 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица, едно починато лице од Битола на 78 години.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 127 и преку “Плодност“ 200 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.641.868 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 231.436, бројот на оздравени пациенти е 214.258, на починати е 8.012, а бројот на активни случаи изнесува 9.166.






