Денес, понеделник, 10 јануар, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно со пообилни врнежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата во Битола до 5 степени.
Утре, вторник, 11 јануар, во Битола времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 5 степени.






