Јавното претријатие “Стрежево“ од Битола вечерва за сите битолчани кои се љубители на скијањето организира промотивно отворање на ски-патеката “Ниже Поле“, со која стопанисуваат.
Патеката по последните снежни врнежи е подготвена, а ски-лифтот ќе работи од 19 до 22 часот вечерва, порачуваат од ЈП “Стрежево“, со апел да се почитуваат ковид протоколите.






