Градоначалникот на Општина Битола – Тони Коњановски, претседателката на Советот – Габриела Илиевска и директорката на ЈП “Комуналец“ – Гордана Наумовска, денес одржаа работна средба со претставници на здруженија за заштита на животните, ветеринари од Битола, како и претставник од Агенцијата за храна и ветеринарство. Целта на средбата беше да се согледаат мислењата и предлозите за изнаоѓање решение на проблемот со бездомните животни во Битола.
За да се реши проблемот најпрво треба да се започне со примена на стратегија за масовна стерилизација, како и да се воведе одговорно сопствеништво на миленици и контролирана трговија со истите, спроведување на кампања за заштита на животни, ограничување и контрола на слободната продажба на високотоксични материи, кои се злоупотребуваат за труење на животни, поголем инспекциски надзор низ градот во откривањето на мачење на животно.
Присутните беа информирани дека, во буџетот на Општина Битола за 2022 година предвидени се средства за подготовка на проектна документација за решавање на проблемот со бездомните животни, а како заеднички заклучок на средбата, беше констатирано дека во претстојниот период работните средби ќе се интензивираат, а јавноста навремено ќе биде информирана за следните активности.

Ќе се решава проблемот со кучињата скитници во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- 9 години “Bitola news“ – објавени повеќе од 32.000 текстови и 200.000 фотографии за битолчани и Битола
- Во Битола променливо облачно, температурата до 23 степени
- Фото на денот: кај безистенот, 8,30 часот, 15 степени
- 10.000 денари за возачка дозвола, Општина Новаци со поддршка за 27 млади лица до 26 години
- Елена Неделковска, сопственичка на детската градинка “Мали генијалци“ – Битола : за 12 години научивме дека секое дете е различно, не постои една формула која функционира за сите





