Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа регистрирани 1.348 нови случаи на КОВИД-19 од 6.141 тестирања, од Битола се 125. Од вкупниот број регистрирани се 145 реинфекции.
Регистрирани сe 784 оздравени пациенти од Битола се 83.
До сега во Битола има 11.103 лицс кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 1.456 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица, едно починато лице од Битола на возраст од 77 години во болнички услови.
Во Битола направени се 225 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола-106 и “Плодност“ 119 тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.706.696 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 244.632, бројот на оздравени пациенти е 220.400, на починати е 8.100, а бројот на активни случаи изнесува 16.132.






