“Фаќањето“ на светиот крст е традиција која од секогаш се одржувала во Битола, на верскиот празник Богојавление, Водици, а централната прослава по повод празникот се одржува во црквата “Св. Димитрија“, каде се одржува и Богослужба пред Владиката да го “фрли“ крстот во осветените води, некогаш во реката Драгор, а некогаш во базенот во форма на крст во дворот на црквата, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Дваесетгодишниот битолчанец Никола Свенчев по вторпат едно по друго, меѓу дваесеттемина верници успеа да го фати осветениот богојавленски крст по повод големиот христијански празник Водици, на екстремно ниските температури, беа измерени минус 20 степени во дворот на црквата “Св. Димитрија“ каде и покрај студеното време имаше голем број православни верници, вели Миновски и додава:
Со централната манифестација чиноначалствуваше митрополитот преспанско-пелагониски и администатор австралиско-новозеландски г. Петар. Најпрво со богојавленската литургија почна прославата на Водици и митрополитот Петар ја освети водата, а потоа го “фрли“ крстот.
-По вторпат ми се насмевна среќата и успеав да го фатам богојавленскиот крст. Чувството да се фати крстот не може да се опише со зборови. Голем верник сум и оттаму очекувам годинава да ме следи здравје, среќа и бериќет како за мене, така и за моите најблиски, но
и за сите мои сограѓани, ќе каже тогаш Никола Свенчев, кој беше беше даруван од Црквата, но и од Општината Битола.

Деновиве пред 10 години: на -20 Никола Свенчев го “фати“ светиот крст во црквата “Св. Димитрија“ во Битола (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026
- Општина Битола: јавен повик за проекти за млади
- Одбележани 25 години од масакрот кај Вејце каде загинаа четворица битолчани (фотогалерија)
- “Идеатон“ натпревар на идеи за сообраќајно инженерство и графички дизајн во рамки на 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)










