Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: три приведувања заради поседување дрога, два физички напади

На 16.01.2022 од страна на полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода 22 годишно лице од Битола, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик. 

На 16.01.2022 во 19.15 часот полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 27 годишно лице од село Беранци, битолско, бидејќи кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по  член 215 од Кривичниот законик.

На 16.01.2022  на паркинг просторот кај спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола од страна на полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 29 лице од од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава во врска со член 215 од Кривичниот законик.  

На 16.01.2022  во СВР Битола 49-годишна жена од с. Лознани, општина Могила, пријави дека во семејната куќа била физички нападната од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.01.2022 во СВР Битола А.Р. од Битола, пријави дека на ул. „Таки Димитровски“ во Битола бил физички нападнат од страна на 21 лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »